Луксузни перници
Најдобро ќе биде да ги прескокнете. Вистината е дека различните позиции на вратот можат да ги прошират или стеснат дишните патишта, но и самите знаете дека шансите да останете во една положба цела вечер се никакви. Елиминацијата на ’рчењето не е толку едноставно и не може да се запре само со купување не нова, луксузна перница. Освен тоа, не постои ниеден научен доказ кој може тоа да го поткрепи.
Орални помагала
Убаво е да се имаат оралните помагала во предвид ако веќе сте испробале сè друго. За некој кој страда од ноќна апнеа и кому не му делува или пак не поднесува третман со континуиран позитивен притисок на дишните патишта (КППДП), некакво орално помагало кое ќе ја мрда вилицата, би можело да помогне. Овие помагала можат да имаат позитивен ефект, но без дијагноза за ноќна апнеа потврдена од специјалист, ќе треба да ги купите без рецепт, а за тоа ќе ви требаат многу пари.
Операција
Треба да се знае дека КППДП е златниот стандард за оние кои страдаат од ноќна апнеа. Но ако ’рчењето е толку лошо, би требало да се размислува и за операција. Операцијата единствено се зема во предвид кога КППДП не е ефективен. Притоа, тим на лекари и специјалисти ќе треба да направат сеопфатна проценка на спиењето за да го смислат најдобриот план. Во основа, ни ноќната апнеа ни оперцијата за ’рчењето не треба да се сфаќаат како мала работа.
Не игнорирајте го вашето ’рчење, особено ако веќе имате други здравствени проблеми или ако се чувствувате изморени во текот на денот после целовечерен сон. Најдобро е уште сега да закажете преглед кај специјалистот.



















