Гледањето романтични комедии во пар може да ја спаси врската и бракот

1813

Романсата на филмот буди позитивни емоции и поттикнува на разговор за решавање на проблеми, па можат да дејствуваат еднакво добро како и брачните советувања и терапиите.

Љубовните филмови можат да нѝ укажат на сопствените грешки и да нѐ потсетат на добрите страни на односот, покажала студијата на американскиот Универзитетот во Рочестер. Веќе пет романтични комедии со придружен разговор за нив ќе го преполови ризикот од развод во првите три години од бракот, пишува Daily Mail.

По три години брак, со редовно гледање романси на ТВ во пар, веројатноста за развод е помала за, од 24% до11% во споредба со паровите кои го немаат ова хоби.

– Романтичните филмови служат како форма за брачна терапија, ги отвораат актуелните прашања во односот и ја зајакнуваат верата во љубовта. Статистиката открива дека дејствуваат еднакво како и разговорот со експерт во раните фази на брачните проблеми, а со тоа се бесплатни – заклучи главниот автор на студијата, д-р Ronald Rogge.

Покрај тоа, тој додава дека многу парови нема да побараат помош од брачниот терапевт, бидејќи се плашат од стигма и не сакаат да ја споделуваат својата приватност со други, па така ова е, исто така, полесен начин, додаде Рог.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk