Не се само месните производи | Овие 480 агенси, исто така, можат да бидат канцерогени

105

Во текот на 45 години Светската здравствена организација проучувала повеќе од 1.000 агенси што ги јадеме, со кои сме изложени или го зголемуваат ризикот од одредени видови на рак и потврдила дека речиси половина од нив се “веројатно” или “евентуално” предизвикувачи на рак.

 

Еве што го зголемува ризикот од добивање на рак

Веројатно шокантно откритие за многумина е фактот дека производите од месо, како што се сланината и колбасиците преставуваат голем ризик за добивање рак.

Сепак, на листата направена од Меѓународната агенција за истражување на ракот при Светската здравствена организација, постојат многу други агенси кои би можеле да го зголемат ризикот од добивање рак и кои се класифицирани во неколку групи:

Канцерогени

Во оваа група се наоѓаат 120 агенси со највеќе докази за нивната штетност.

  • Арсен и соединенијата кои го содржат
  • Азбест
  • Вируси: Epstein-Barr вирусот, хронична инфекција со хепатитис B или C, HIV тип 1, ХПВ типови 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, и 66.
  • Хормонални контрацептиви кои содржат естроген и прогестерон, естроген и естрогенска терапија за постменопаузални жени
  • Етанол со алкохолните пијалаци
  • Формалдехид
  • Билни лекови кои содржат растителни видови од родот Aristolochia
  • Сулмпорен иперит
  • Радиоактивни материи: Плутониум-239 и сите производи на распаѓање како serosoli, Радиум-224 и сите производи на распаѓање и Радон-222 и сите производи на распаѓање.
  • Надворешно загадување на воздухот
  • Соларна радијација
  • Тамоксифен 6
  • Чадот од тутунот и пасивно пушење
  • Ултравиолетовото зрачење
  • Гама зрачење и Х-зраци

Веројатно канцерогени

Ограничени докази за предизвикување на рак кај луѓето, но доволно докази за предизвикување рак кај животните. Во оваа група се наоѓаат околу 75 агенси.

  • Androigeni стероиди (често се користат за стимулирање раст на мускулите).
  • Глифосат и други инсектициди и пестициди
  • Неоргански оловни соединенија
  • Професија како фризер/ка или работа во рафинерија
  • Работа во смени, која го нарушува спиењето
  • Црвено месо

Можно е дека предизвикува рак

Ограничени докази дека предизвикува рак кај луѓето како и недоволно докази за карциногеност кај животните. Оваа група вклучува околу 300 агенси.

  • Хлороформ
  • Електромагнетни бранови
  • Виолетова боја
  • Закиселен зеленчук
  • Екстрат од Гинко билоба
  • Испарување при заварување
  • Хемиско чистење – професионална опасност
  • Пожарникар – професионална опасност

Не е возможно да се класифицираат

  • Далеку најголемата група со повеќе од 510 супстанции

Најверојатно не се канцерогени

  • Во оваа група се наоѓа само еден агенс – caprolactam, хемикалија која се користи во производството на еден тип најлон.

Independent.co.uk

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk