Научниците развиле таблета која го убива ракот | Првите резултати се ветувачки

1005

Се покажа дека таблетата е ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Американските научници развиле лек во форма на пилула која при претклиничките тестови ги уништила сите цврсти видови на рак и ги оставила здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција dpa.

Научниците од City of Hope, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавиле студија во која се опишани детално првите резултати од тестот на „таблетите за убивање рак“ AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој, во својата мутирана форма, е клучен за репликација и поправка на ДНК кај сите тумори кои се шират, соопштија од City of Hope.

Linda Malkas, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапевтика во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.

PCNA е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови за авиони. Податоците сугерираат дека PCNA е уникатно изменета во клетките на ракот, и овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на PCNA во клетките на ракот. Нашата таблета за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпанија, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите што носат клетки на рак, изјави Malkas.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Се покажа дека таблетата е ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

PCNA претходно се сметал за недостапен лек.

Водечкиот автор на студијата, Long Gu, рекол дека никој никогаш не ја таргетирал PCNA со лек бидејќи се сметало дека е неизводливо, но очигледно City of Hope успеал да развие лек за предизвикувачка цел.

Студијата е објавена во списанието Cell Chemical Biology.