ГЕНЕТСКА ВАРИЈАЦИЈА | Откриен генот одговорен за импотенцијата

3552

Според податоците од 2007 година кои се однесуваат на областа на Соединетите Американски Држави во просек од еректилна дисфункција страда секој петти маж, но нивниот број се зголемува со возраста.

За една третина од ризикот од еректилна дисфункција се одговорни генетските фактори, од кои два проценти се однесува на варијанта на генот кој ја откриле Jorgenson и неговите колеги.

Тие потсетуваат дека на овааа машка болест може да влијае дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

“Достапните третмани за еректилната дисфункција не делуваат на половина од мажите кои се вклучени во третманот. Но, ако ние можеме да развиеме нови начини на лекување кои ќе имаат за цел генска варијација, и ним ќе можеме да им помогнеме”, рече Jorgenson.