Занимливости за Русија – територијално најголемата земја на светот

531

Познато е дека Русија е територијално најголемата земја на светот, и од секоја страна може да се најде по некоја занимливост, за која многумина не чуле. Еве неколку интересни факти за оваа држава што се простира на два континента…

  • Русија е единствена земја на светот којашто ја заплискуваат 12 мориња.
  • Планинската верига Урал, што ја дели Русија на европски и азиски дел, е најстарата планинска верига на светот. Русија се смета за европска држава, иако две третини од нејзината територија се во Азија.
  • Санкт Петербург е најсеверниот град на планетава во којшто има над милион жители.
  • Површината на Сибир изнесува 9,7 милиони квадратни километри, што е девет отсто од вкупната територија на земјата.
  • Времето на чекање меѓу два воза во московското метро е најкус во споредба со каде било на светот. Во најпрометниот дел од денот возовите поминуваат на најмногу 90 секунди.
  • До неодамна Москва важеше за град во кој живеат најголем број милионери на светот.
  • Градот Суздал се простира на 15 квадратни километри, а има само 10.000 жители и 53 цркви.
  • Секој владетел од династијата Романови на својот наследник му оставал поголема држава отколку што наследил.
  • Градскиот парк на Москва е поголем од сите други паркови во светот. За споредба, тој е шестпати поголем од Централ паркот во Њујорк.
  • Русија има најмалку 15 тајни градови коишто ги нема на мапите и до кои нема патокази.