Пијалаци против надуен стомак

2518

Комбинацијата на продукти кои ги консумираме секојдневно, има голем удел во обемот на струкот и тоа не само поради калориите туку и поради тоа што некои од овие продукти предизвикуваат надуеност.

Малите голтки од овие пијалаци ќе ви помогнат да делувате на воздухот во вашиот дигестивен систем и ќе ја подобрат работата на успорениот метаболизам.

Ладен чај од нане

Нането ги смирува пречките во варењето и го помага желудникот во апсорпцијата на мастите. Покрај ова, свежите зелени листови го забрзуваат метаболизмот и го смалуваат апетитот. Се препорачува секојдневно да се пијат најмалку две мали шолјички чај од нане.

Фрапе од ананас

Со малку калории, многу влакна и голем процент на вода, фрапето од ананас изобилува со витамини и минерали, а воедно дава чувство на ситост и го спречува прејадувањето.

Пијалак од темно чоколадо

Темното чоколадо изобилува со антиоксидантни флаваноиди, го подобрува крвотокот, го снижува крвниот притисок и го спречува прејадувањето.

Во блендер измешајте 2 дл јогурт, 2 лажици мед и 5 дгр чоколадо до 72% какао и половина банана. Со оглед на тоа што овој пијалак заситува, најдобро е да го консумирате за појадок.