Како да дознаете дека му недостасувате

256

Припадничките на понежниот пол многу добро знаат колку е тешко да се натера мажот да ги признае своите чувства, особено оние кои се срамежливи и затворени по природа.

Исто така, на многу мажи е неописливо тешко да и признаат на една девојка дека се заљубени во неа, а особено им е тешко да отворат уста кога им недостасувате.

Астролозите откриваат како се однесува хороскопски знак кога му недостасува некој близок.

Овен

Маж роден во овој огнен знак ќе покаже нескриена љубомора ако ви пријде некој, кого го сметате за конкурент. Тој е премногу горд да признае дека му недостигате, но не е премногу горд да покаже колку е љубоморен.

Бик

Тој мрази да се чувствува несигурен, но во исто време е ужасно тврдоглав и нема да признае дека му недостигате дури и кога ќе умира за вас. Ако се прашувате дали копнее по вас, проверете дали ќе одговори на вашиот повик или порака. Ако се јави веднаш, не грижете се, тој едвај чека да ви биде на дофат на раката.

Близнаци

Маж роден во овој знак денес ќе ви каже дека му недостасувате, а утре ќе ве „искулира“ и нема да одговара на вашите повици и пораки. Ако мислите дека ве изневерува, не сте во право – Близнаците не се сигурни што точно чувствуваат се додека не ги обземе апсолутно чувство на љубов или од сознанието дека можат без вас. Не грижете се, штом ќе ја „изгубат главата“ по вас, тие отворено ќе ви кажат и ќе го покажат на дело.

Продолжува на страна 2