Орнитолошка катастрофа | Птичји хаос низ цела Европа

288

Реномирани експерти во целосно бунило: “Каде исчезнале сите тие еребици и полски потполошки?!

Бројот на птици во Франција се намалил за една третина во последните 15 години, покажале новите орнитолошки истражувања.

Драматичното намалување на бројот на птиците е поврзано со промените во употребата на пестицидите, а негативниот тренд може да се проследи во сите европски земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, пишува Индепендент.

Новите податоци ги шокирале научниците, бидејќи досега се сметало дека, барем во Франција, популацијата на птиците е стабилна.

“Знаевме дека нешто се случува, бидејќи кога работите на терен, почнувате да забележувате дека птици во некои области едноставно не постојат. Кога пристигнале бројките, останавме затечени”, вели Romain Julliard, биолог од Националниот природонаучен музеј на Франција.

Некои видови птици целосно се исчезнати од некои области, а бројот на птици продолжува да опаѓа со брзо темпо.

Новите податоци беа земени од две одделни студии: една која е спроведена на територијата на цела Франција, и друга која се фокусирала на индивидуални земјоделски површини. Двете студии се спроведувале подолго од 20 години и откриле намалување на бројот на птици што “се граничи со еколошка катастрофа”, се вели во официјалната објава на Природонаучниот музеј.

“Општо земено, птици има помалку за една третина, но податоците кријат многу повеќе варијабли. На пример, во некои области, повеќе нема полски потполошки, еребици”, вели професорот Џулијард.

Податоците собрани од волонтери низ цела Франција, покажуваат дека бројот на птици брзо се намалува.

“Во периодот помеѓу 2000 и 2010 година, се чинело дека опаѓањето на бројот на птиците застанало. Но, една година по ова, птиците сосема исчезнале од некои области.”

Заради шокантните бројки, професорот Julliard и неговите колеги од музејот и Националниот центар за научни истражувања одлучиле да издадат итно соопштение.

“Ова е сигнал за граѓаните на Франција дека нашето природно наследство исчезнува”, вели професорот со загриженост.

Ова истражување продолжува врз загрижувачките податоци кои ги објавиле германските научници за значителниот пад на бројот на инсекти во Германија. Бројот на летачките инсекти се намалил за дури 75 проценти.

Научниците велат дека намалувањето на бројот на птиците се случува на просторот на цела Европа и е резултат на намалувањето на бројот на летечките инсекти со кои се хранат птиците. Бројот на инсектите се намалува поради прекумерната употреба на пестициди.

“Полските птици се хранат со мали без’рбетници и инсекти со кои ги хранат своите младенчиња. Нивната храна е најмногу погодена со пестициди”, вели професорот Richard Gregory, шеф на контролата на животинските видови во Кралското друштво за заштита на птиците во Велика Британија.

“Употребата на пестициди се зголемува и тие стануваат сѐ посилни. Ова е директен доказ за тоа како пестицидите му наштетуваат на севкупниот живот во дивината”.

Освен пестицидите, за дивите животни е штетно и ширењето на монокултурите, одн. ниви посеани со само една култура – феномен кој екологистите го нарекуваат “зелена пустина”.

Научниците велат дека претходните напори земјоделството да се направи поеколошко не биле многу ефикасни и потребно е понатамошно намалување на употребата на пестициди и охрабрување на земјоделците да работат на биолошката разновидност.

“Ситуацијата е насекаде слична. Ние знаеме дека бројот на полските птици се намалил за дури 50 проценти во последните 30 или 40 години”, вели професорот Gregory.

Martin Harper од Кралското друштво за заштита на птици, исто така, вели дека проблемот не е ограничен само на Франција.

И во Велика Британија ситуацијата е подеднакво загрижувачка. Во периодот од 1970 и 2015 година бројот на полски птици се намалил за 56 проценти, заедно со намалениот број на другите диви животни што е поврзано со употребата на пестициди.

“Ние мораме да реагираме итно”, додаде Harper.