Вирусот nipah е на листата на СЗО како закана за можна епидемија.
Вирусот, кој предизвикува повраќање, пневмонија, оток на мозокот и епилептични напади, е откриен во 1998 година во Малезија. Стапката на смртност се движи помеѓу 40% и 75%. Особено загрижува долгиот период на инкубација, кој може да трае до 45 дена.
Преносот кај луѓето се јавува кога лилјаците го контаминираат овошјето со урина или плунка, кое потоа се конзумира неизмиено или неизлупено, и иако е редок, можна е трансмисија од човек на човек. И тоа е токму она од што се плашат научниците – ако овој вирус стане заразен како ковид, последиците ќе бидат катастрофални.
Д-р Sarah Gilbert изјави: “Денес, секој знае како се шири SARS-CoV-2 низ целиот свет. Мутирал, еволуирал и завршивме со делта варијанта која е многу пренослива”,
започнува научникот и предупредува:
„Ако добиеме делта варијанта (еволуирана да биде повеќе заразна) на вирусот nipah, тогаш одеднаш имаме високо пренослив вирус со 50% смртност“, посочува, а пренесува The San.
Работела на вакцини, но пандемијата избришала сѐ
За време на настанот на Cheltenham Literature Festivalu, Gilbert објасни дека нејзиниот тим се бори да ги собере парите потребни за развој на вакцини против веќе познати болести, но само оние што допрва треба да се појават. Пред да започне со работа на вакцината Oxford-AstraZeneca во јануари минатата година, таа изјави дека работела на вакцини за вирусот nipah, lassa треската и MERS. Но, нејзината работа не напредувала откако почнала пандемијата.
“Во пандемијата, научивме дека можеме да ги направиме работите побрзо, можеме да ги направиме работите подобро. Сакаме да ги примениме тие лекции, но потребни ни се ресурси”,
вели таа па продолжува:
“Потребни ни се залихи на вакцини за патогени за кои веќе знаеме, бидејќи како ќе изгледа ако одеднаш започне да се шири голема епидемија на nipah низ целиот свет? Знаеме за опасноста со години и започнавме со изработка на вакцина пред пет години, но сѐ уште не сме ја направиле, не е довршена“.
А вирусот повторно се појавил оваа година
Но, таа не е единствената што се плаши од овој вирус. По избувнувањето на инфекции во Индија во 2018 година, Светската здравствена организација го стави nipah на врвот на листата на вируси што можат да предизвикаат идни епидемии.
По три години, повторно се пријавени нови случаи во Индија. Таму, 12-годишно момче починало од овој вирус.