Денешната обука со психолози и педагози, од основните и од средните училишта, на територија на град Скопје, се реализираше со цел стекнување на знаења и компетенции за скрининг процена на когнитивен и на бихевиорален статус кај деца и млади.
Обуката е поддржана од Бугарската амбасада во Р. С. Македонија, а во организација на Центарот за доживотно учење од Скопје.
Центарот за невропсихологија, психотерапија и за психодијагностика, основан е во Скопје од м-р Тина Васков, клинички невропсихолог, во 2014 год. Претставува прв центар кој покрива услуги од област на клиничка невропсихологија на територија на Република С. Македонија.
Тимот на Когниција е составен од лиценцирани психолози, посебно специјализирани за услуги од одредени области и од асистент, кој ни ја овозможува добрата комуникација со клиентите и ефикасноста.
Даваме услуги од следниве области:
– невропсихолошка процена на внимание, концентрација, помнење, говорно-јазични способности, визуелна перцепција, процена на конструктивни капацитети, на егзекутивни способности, на промени во однесување и сл.;
– индивидуално приспособени програми за когнитивен тренинг и за неврокогнитивна рехабилитација;
– психолошка евалуација т.е. процена на интелектуални способности, профил на личност и сл.;
– индивидуална психотерапија;
– поддршка на семејства;
– едукација од oбласт на клиничка невропсихологија и од останати области во домен на психологија.
Ви благодариме на довербата.