Грешки кои се штетни за здравјето

1919

Секој човек има некои лоши навики кои треба колку е можно побрзо да ги реши, со цел да го заштити своето здравје

1. Оддалечете се од мобилниот телефон

– Некои податоци зборуваат дека дури 80 отсто од луѓето ноќе го оставаат вклучен мобилниот телефон, а околу половина од нив го користат како будилник. Некои ги чуваат под перница, а некои блиску до главата. Една од скриените опасности е светлината од мобилниот која може да го блокира лачењето на хормонот мелатонин, кој е одговорен за регулирање на сонот. Најдобро е да се изолирате од мобилниот барем еден час пред спиење и секако да го чувате подалеку од главата. Оддалеченоста на мобилниот само 20 сантиметри од главата го намалува зрачењето за дури 98 отсто.

2. Внимавајте на месечниот циклус

– Голем број жени неправилностите при мензис им ги препишуваат на стресот или на менопаузата која следува. Иако е вистина дека неправилностите се нормални во тинејџерските години и на 20-годишна возраст, циклусот на 30 и 40 годишна возраст треба да биде правилен, а отстапки би можеле да бидат симптоми на разни проблеми, па дури и рак.

3. Внимавајте како седите

– Минувањето време пред компјутер на многу луѓе им одзема поголем дел од денот. Но повеќето од нив прават грешки кои ќе им пречат на долгорочен план. За да се заштитат грбот и вратот се препорачува мониторот да се држи во висина на очите. Тоа значи и лаптопот да се користи на маса, а не во скут.

4. Здравје на кожата

– Многумина не користат креми за сончање, освен ако се на летовање. Дури и кога ја нанесуваат, оставаат огромни делови на кожата без крема. Вратот, рацете, нозете и рамената обично се најизложени делови на телото, а важно е да се знае дека некоја облека и стакло не заштитуваат од штетните влијание на сончевите зраци.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.