Бабите и дедовците – помош од непроценливо значење

1367

Кога е во прашање воспитувањето на детето, велат дека бабите и дедовците знаат најдобро како се прави тоа.

Дури 1/5 од бабите во неодамнешното истражување признале дека се караат со синовите или ќерките кога е во прашање воспитувањето на внуците. За различниот пристап кон родителството виновна е генерациската разлика, а најголем предизвик на бабите и дедовците им е да не ја вознемират ќерката или синот.

Дека принципите кон родителството со текот на времето се менуваат, покажува и ова истражување. Имено, четири од десет баби ги оставале своите деца надвор без надзор уште додека биле мали, што денес го прават само еден од десет модерни родители. За разлика од 8% од бабите и дедовците кои ги лечеле болестите на своите деца со домашни лекови, денес тоа го прават само 1% од родителите.

Од друга страна, 2/3 од модерните родители велат дека би биле подготвени повеќе да се потрудат за материјално да го обезбедат семејството, за разлика од бабите и дедовците во нивно време.

„Во односот меѓу бабите и дедовците, и внуците, има многу насмевки и љубов, но и многу семејни тензии, секојдневни проблеми и генерациски разлики“, вели Кери Розен, една од предводниците на истражувањето.

Инаку, истражувањето е направено за потребите на новата книга „Како да го подобрите однесувањето на внуците?“, каде се инсистира на тоа дека мора да има почитување во семејството.

„Бабите и дедовците треба да им објаснат на своите деца како функционирале работите кога тие биле мали, што важело тогаш, а што не. Никогаш не се знае, некои од нивните совети може навистина многу да им помогнат на младите родители“, вели Кери и додава дека во односот со снаата најважно е свекорот и свекрвата да ја почитуваат и понекогаш да ги гледаат работите од нејзина гледна точка