Предупредување! Внимавајте на ова – Го бакнала момчето, а потоа починала

1726

Објавено June 12, 2016. Прочитано 16544

Мајка на 20-годишна девојка, која починала откако нејзиното ново момче ја бакнало за добра ноќ, а при тоа не знаел за нејзината тешка алергија на кикирики, ја подели својата приказна со сите за да ги предупреди на опасноста, која со себе ја носат алергиите.

Myriam Ducré-Lemay присуствувала на забава во Канада, по која заминала со момчето кај него.

Пред да заминат на спиење, момчето си направило седнвич со путер од кикирики, а потоа отишол да ги измие забите.

Таа тоа не го знаела, а не стигнала ниту да му каже дека е алергична на кикирики. Веднаш по бакнежот Myriam почнала да се задушува, а бидејќи немала лек, ниту инхалатор, добила мошне силен алергиски напад, кој завршил со смртоносен исход.

Micheline Ducré

– “За жал не успеала да му каже за својата алергија. Затоа секогаш и секаде морате со себе да ја носите својата инјекција со адреналин, колку и тоа да ви претставува проблем,“ предупреди тажната мајка на покојната девојка.