Колач со ореви и суво грозје

5968

Потребно

  • 250 гр. брашно
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. суво грозје
  • 250 гр. ореви
  • 4 јајца
  • ½ лажички сода

Подготовка

  • Се меша брашното со сода и се додава шеќер и суво грозје, па крупно издробени ореви.
  • Се ставаат и 3 јајца и 1 белка, се меша и се остава смесата да стои околу 1 час да се соедини се, а повремено се меша.
  • Се премачкува плех со една лажица масло, се става смесата, а горе се премачкува со останатата жолчка.
  • Се пече на 200 степени 15 минути и потоа на 150 степени уште 30 минути.
  • Се лади и служи.