Од клинички добила повик дека татко ѝ починал, а во болница го нашла жив | “Се шокирав кога го видов”

475

Се дигна прашина и на крајот ни кажаа дека тато е жив и дека е на интензивна нега, приклучен на респиратор.

“Примете сочувство. Вашиот сопруг почина. Ве молиме јавете се да ги подигнете предметите на починатиот” – вака на семејството Гашљeвиќ во понеделникот им беше соопштена тажната вест за сопругот и татко од ковид-болницата Дубрава во Загреб.

Веста, се разбира, ги скрши, но било вред да се информираат семејството и пријателите и да се организира погребот.

– Го оплакавме тато, луѓето изразија сочувство и запалија свеќи. Мајка ми беше скршена. Ни беше кажано дека, со оглед на ситуацијата, по работите на татко ми да дојдеме во среда од десет до 12 часот – вели Аријана Мужек, ќерката на Златко Гашљевиќ.

Два дена живееле со таа страшна вест, а во средата отишле да ги земат работите на починатиот.

– Ги прегледавме работите и забележавме дека го нема мобилниот телефон и полначот, па ја прашавме медицинската сестра каде се. Таа замина да ги бара и тогаш сè стана чудно. Имаше бркотница, и на крајот ни рекоа дека тато е жив и дека е на интензивна нега, поврзан со апарати за дишење – вели Аријана Мужек.

– Не можете ни да замислите за каков е тоа шок, вели Аријана Мужек. Таткото и сопругот го оплакале и се подготвувале за погребот, Аријана земала слободни денови, се тешеле едни со други.

– И што е најстрашно, тато не е добро.На респират е, сега има низа други здравствени проблеми и се плашам дека исходот нема да биде добар, а во тој случај ќе треба повторно да го преживееме овој хорор – скршена низ заби проговори Аријана.

Таа не го обвинува раководството на болницата или вработените за оваа грешка, знае дека имаат многу работа, но и покрај тоа, такво нешто не смее да се случи.

Ивица Лукчиќ, директорот на болницата, е свесен за оваа состојба и работи на расветлување на случајот.

– Искрено се извинувам на целото семејство и целосно ми е јасно колку им е тешко. Ги дознав информациите во текот на денот и веднаш побарав сè детално да се испита. Не сакам да оправдувам никого, ова е многу чувствителна ситуација, но барам разбирање за семејството затоа што сме под голем притисок секој ден – објаснува Лукшиќ, кој ги повика членовите на семејството да им се извини и да им каже дека ќе утврди како се случила оваа ненамерна грешка.

Златко Гашљевиќ, кој има 78 години, беше хоспитализиран пред три недели поради аневризма, во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде е опериран. Со рутински преглед откриен е ковид-19 и тој е пренесен во болницата Дубрава.

– Тато беше добро, се слушавме секој ден. Беше добар и требаше да си оди дома минатиот петок. Но, ден претходно, тој заврши на кислород, а после тоа заврши на интензивна нега и на респиратор – вели Мужек.

Во понеделникот, кога биле информирани дека починал, сопругата на Златко Гашљевиќ се слушнала со него, само еден час пред страшната вест.

– Денес, кога дознавме дека тато е жив, ни се јави медицинска сестра од болницата, се извини и рече да дојдеме да ги земеме работите на татко ми. Ние веќе ги зедовме истите работи мислејќи дека е мртов. Сега неговата состојба станува сè покомплицирана и не знам каков ќе биде исходот и дали некој повторно ќе не повика со истата страшна вест – ни вели Аријана Мушек.