10 факти за машкиот оргазам

223

Веројатно уште во пубертетот сте разбрале што е оргазам и каква радост може да донесе тој.

Овој чин сепак е многу повеќе од неколку секунди блаженство, кое ве пренесува на друга планета. Знаете ли дека 21 декември е прогласен за светскиот ден на оргазмот?

Еве и уште 10 интересни факти за овој инзвонреден момент во секојдневниот живот на мажот, кои ќе ве изненадат:

1. По оргазам се чувствувате како “дрогирани”

Научниците се скенирање на мозокот на мажи кои туку што доживеале оргазам утврдиле дека во него веднаш се засилиле нервните завршетоци кои се поврзани со чувството за награда. Тие го поистоветуваат еуфоричното чувство со тоа при земање на доза хероин.

2. Оргазмите се подобри со партнер

По оргазам телото лачи хормонот пролактин, кој ја потиснува сексуалната желба за околу еден час потоа. Затоа, кога ќе завршите, веројатно ќе се чувствувате досадно од порно клипот што се врти пред вас. Ако овој момент дошол во друштво на партнерка, телото лачи до 400% повеќе пролактин, пишува машкиот сајт Men’sHealth.

3. Мажите исто така се преправаат

Истражување на Универзитетот во Канзас покажуваат дека околу 28% од анкетираните претставници на посилниот пол симулирале оргазам со партнерка. Една третина од мажите споделиле дека биле премногу пијани за да можат да завршат и едноставно сакале сексот да заврши побрзо, за да заспијат. Друга честа причина за симулирање на оргазам е неподготвеноста да не ја повредат партнерката.

4. Може да продолжите повторно и повторно … ако сте среќници

На повеќето мажи им се потребни во просек од околу 10-60 минути по последниот оргазам, за да се подготвени да продолжат повторно. Во една неодамнешна студија, сепак се опишува случајот на 25-годишен Германец, кој бил подготвен за нови подвизи 3 минути по последното завршување.

5. Оргазмот може и да биде непријатен

“Сексуална анхедонија” е медицински термин што опишува стимулација на гениталиите, придружена од контракции на мускулите и физички знаци на оргазам, кои сепак не носат задоволство. За среќа оваа состојба е многу ретка и често е предизвикана од употребата на антидепресиви.

6. Големиот стомак влијае на лачењето на сперма

За време на ејакулација мажите во просек испуштаат околу 3,4 мл семена течност при секоја контракција, освен ако не се со прекумерна тежина. Господата со повеќе масти одделуваат само околу 2 мл.

7. Може да ја забремените дури да немате оргазам

За време на предиграта и самиот чин се лачи малку семена течност (без да сте сврпиле), која би можела да биде доволна да ја оплоди партнерката.

8. Оргазмот лекува главоболка

За време на оргазам телото лачи и куп ендорфини, кои доведуваат до чувство на блаженство и ублажуваат состојби како мигрена.

9. Спермата е вистински коктел од витамини

При испитување на семената течност научници утврдиле дека едвај 1-5% од неа содржи сперматозоиди. Останатите состојки се – натриум (околу 10 мг), фруктоза (9 мг), протеини, цинк, калциум, калиум и хлор.

10. Спермата се движи со 48 км. /ч

Просечната брзина со која се движи спермата е 45 км./ч. Откако еднаш се “истрелани” тие ја намалуваат брзината и им требаат околу 5 минути, за да стигнат до матката.