Со одмрзнување на древните вируси, можна е сериозна закана за човештвото

1515

Рускиот биолог Кирил Шашаров смета дека вирусите од замрзнатиот „вечен лед“ можат да претставуваат сериозна закана за човештвото.

Како што вели, постои хипотеза дека со глобаното затоплување и со топењето на ледниците се одмрзнуваат древни вируси, пренесува порталот Спутник.

Шашарово наведува дека сега е актуелно да се зборува за вирусот корона, за кој вели дека и порано бил активен, но системите за тестирање не го забележувале.

Меѓутоа, тој вели дека постојат вируси кои ги има кај животните, но не се опасни за луѓето. а како пример го наведува вирусот кој предизвикува бронхитис кај пилињата.

Шашаров додава дека постојат сè поактуелни вируси што ги пренесуваат инсектите во тропските предели, но поради глобалното затоплување, тие се поместуваат во посеверните краишта.

На пример, вирусот на грозницата на западен Нил, различните видови маларија, кои во нашите краишта ги донесуваат комарците, смета Шашаров.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.