Секс табуа наметнати од религиозен или социјален притисок

1255

Терминот секс табу станува релативен. Во сексуалните односи меѓу една двојка, никој нема право да кажува што е правилно, а што не. Она што им се допаѓа во кревет на двајцата, нема како да биде судено од трет човек или од било какви сексуални норми.

Јавните разговори во врска со сексот стануваат откриени и даваат нови хоризонти за експериментирање. Во оваа статија, можете да прочитате за неколку од таканаречените “табуа”.

Предметните “забрани” се однесуваат за сексуални практики, и се наметнати под религиозен или социјален притисок. Во денешно време границата е премногу нејасна и ако за едни таа е нешто што постои, за други е нов поглед врз сексуалното задоволство.

Анален секс

Иако аналниот секс во денешно време е раширен, многу луѓе се уште го сметаат за табу. Т.н. хомофоби, го сметаат аналниот секс за чисто хомосексуален акт, но многу жени, меѓутоа, се со сосема различно мислење. Погрешно на сфаќањата, при анален секс исто така може да биде стимулираната Г-точката и жената да доживее многу силно задоволство во споредба со вагиналниот секс. Кога една двојка се води само од општото мислење и поради него не е склона да доживее поголемо задоволство, таа секогаш ќе го прифаќа овој физички контакт како нешто забрането и неправилно.

Секс за време на циклус

Многу парови сметаат дека не треба да го прекинуваат сексуален живот само затоа што жената има менструација или моментални болки. Ако сакате да сте заедно и сте доволно отворени, тоа не би требало да има причина да немате секс. Ако мажот чувствува силна страст кон својот партнер во овој период од месецот тоа во никој случај не го претвора во сексуално развратен манијак. Некои дами дури сакаат да имаат секс кога имаат добеино или моментални болки, бидејќи тогаш вагината им е многу чувствителна, а сексуалната возбуда е зголемена. Ако сте од типот на луѓе кои немаат сексуални инхибиции или не се срамат од физиолошките процеси во тој период, тогаш мирно можете да заборавите за зборот табу во конкретниот случај.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2