Секоја врска или брак паѓа во криза и неретко се случува мажите да избегаат од проблемите во љубовната афера. Еве како да откриете дали ве изневерува.
Постојат разни начини за откривање неверство, а овие се најчести:
Поминува помалку време со вас
- Партнерот кој изневерува често мора да корсити изговори како што се прекувремена работа, доцни состаноци, работни вечери и други обврски, за да има време за друга жена.
Нема нежност
- Вашиот сексуален живот скоро и да не постои поради неговите други обврски. Не сака повеќе да се милувате, заедно да гледате филм или на некој друг начин да покаже блискост, како што некогаш тоа го правел.
Повеќе се грижи за својот изглед
- Неверниот партнер почнува да купува нова гардероба, менува флизура или почнува да вежба затоа што сака да биде привлечен за други жени.
Промени во автомобилот
- Совозачкото место е поместено или сте нашле непознати влакна од коса на седиштето. Можеби на радиото има станица, која инаку не ја слушате, затоа што таа нејзе и се допаѓа.
Нервозен е
- Неверниот партнер е нервозен поради чувството на вина кое е резултат на неверство. Наеднаш почнува да му пречат работи кои до тогаш не му пречеле.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2