Најголем дел од жените не бараат помош за надминување постпородилната депресија

64

Речиси една третина од младите мајки кои се соочуваат со постпородилна депресија не бараат медицински совет од својот лекар, покажуват резултатите од најновата анкета при што биле испитани 700 мајки од Велика Британија.

Стравот дека лекарите поради депресијата ќе го оспорат нивната подготвеност за родителство и со тоа ќе ги изневерат блиските, многу жени страдаат во тишина. Притисоците од оппштеството дека секој треба да биде „соврешен“ родител и да го дои бебето придонесуваат за постпородилната депресија. Нејзините симптоми се слични како и кај другите депресии: незадоволство, слаб апетит, губење на либидото, несоница и ниска самодоверба.

Постпородилната депресија најчесто се појавува еден до два месеци по добивањето дете.

Антидепресивите се прилично успешни во лекување на постпородилната депресија, но жените често одбиваат да земаат лекови, посебно кога дојат.

Во една од најголемите студии за постпородилна депресија истражувачите ја испитувале ефикасноста на психолошките интервенции. На повеќе од 4.000 мајки во Англија применета е когнитивна бихејвиорална терапија или индивидуален пристап.

Лекувањето било спроведено по пат на здравствени посети, вообичаена нега и едуцирање за препознавање на симптомите на постпородилната депресија. Мајките кои биле едуцирани од здравствени претставници покажале значително намалување на симптомите на депресија во споредба од оние кои имале само посети.

Околу 40 проценти од мајките во интервенциската група со депресивни симптоми шест недели имаат помали шансидека ќе имаат симптоми на депресија по шест месеци во споредба со оние кои имале само обчни посети од здравствените работници.