Дали некогаш сте размислувале за разликите меѓу сликите на познати личности од црвениот тепих и папараци фотографиите на истите лица?
Очигледната разлика не се однесува само до совршената шминка или фризура – за нив е јасно дека ниедна жена, зад која не стои цел тим од професионалци, не е способна да ги постигнува за секој ден.
Зборуваме за големите гради, кои како што поминува некоја церемонија … исчезнуваат. За техниката за контурирање со шминка се зборува многу пред Ким Кардашијан.
Една од најголемите тајни на ревиите на Victoria’s Secret е дека секој од моделите поминува низ специјална “обработка” со бронзанти и хајлајтери, за да се потенцираат и извадат мускулите.
Техниката за скулптирање се користи масовно на лицето, бидејќи на тој начин се извајуваат успешно истакнати јаболчници, се прикриваат недостатоците и се нагласуваат предностите.
Овие мајсторски игри се покажува дека се добар начин да се обликуваат дури и градите.
Како оптички да ја зголемиме големината на градите?
Користете кафеав молив и нацртајте неколку точки околу кривата во горниот дел на градите.Слејте ги со помош на мала четка за шминка.
Потоа пополнете ја средната област во посветла боја, за да се создаде илузија на рефракција на светлината.
Завршете со темелно разнесуваше на производите, за да се прикријат контрастните разлика и да изгледа деколтето сосема природно.



















