Промени во однесувањето
- Неверниот партнер често зазема дефанзивен став кога го прашувате каде бил. Може се да сврти против вас и да ве обвини дека сте несигурни, посесивни ли премногу се мешате во неговиот живот.
Чудно се однесува со телефонот
- Сте забележале дека повеќе не го остава бклучен мобилниот телефон додека е со вас, затоа што може да го повика љубовницата. Понекогаш ја напушта собата за да разговарта или кажува нешто чудно после пораката. Внимавајте и на повиците во текот на ноќта. Ако имате пристап до неговата телефонска сметка, прегледајте ја. Побарајте непознати телефонски броеви кои се повторуваат.
Промени во водењето финансии
- Можете да забележите дека вашиот партнер ве изневерува ако во последно време често е без пари. А нема пари затоа што повеќе троши на љубовницата. Внимавајте дали ги плаќа сметките во готово отколу порано и често подигна пари на банкомат за да ги прикрие трагите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















