Пронајден е фасцинантен подземен град | Ќе се зачудите кога ќе видите кој го изградил

2507

Додека многумина од нас ги гледаат мравките како несакани гости, научниците откриле дека овие мали инсекти поседуваат изненадувачка интелигенција и способности.

Неодамна, истражувачите откриле комплексна подземна мрежа под Земја, создадена од армија мравки.

Ова неверојатно откритие е направено кога научниците испумпале десет тони цемент во напуштен мравјалник во Бразил во текот на три дена.

Тим експерти, предводени од професорот Luis Forgi, беа изненадени од сложеноста на подземниот „град-држава“. Овој „суперорганизам“, како што го нарекуваат поради исклучителната координација меѓу мравките, создал свој подземен свет на осум метри под површината на Земјата.

Наречен „мравји еквивалент на Кинескиот ѕид“, овој комплексен систем има главни правци, споредни патишта и кратенки, што им дава на мравките изненадувачка подвижност.

„Како да градел архитект“

Систем на „подземни автопатишта“ ги поврзува главните простории на колонијата, како што се градините со печурки и јами за ѓубре. Оваа градба, која зафаќа дури 50 квадратни метри, достигнува длабочина од осум метри во Земјата. Преку овој подземен град, мравките транспортирале неверојатни 40 тони земја, создавајќи го својот комплексен дом под површината.

Ова импресивно откритие е прикажано во документарниот филм „Мравки! Тајната моќ на природата“, откривајќи му ја на светот неверојатната организација и моќ на овие мали суштества. Во документарецот тие објаснуваат:

„Патеките се разгрануваат и водат до многу градини со печурки и јами за ѓубре. Тунелите се дизајнирани да обезбедат добра вентилација и да овозможат најкратки транспортни патишта. Сè изгледа како да е дизајнирано од архитект, но секако тоа не е вистина. Овој колосален и сложен град е создаден од колективната волја на колонија на мравки, суперорганизми“.

Иако мравките често ни предизвикуваат главоболки, нивната способност да работат колективно и да создаваат структури како овој подземен град секако заслужува восхит.