Температурата на Земјата може да достигне како во Сахара

1290

Тоа би принудило на околу три милијарди луѓе или да ги напуштат своите домови или да се обидат да ги преживеат пеколните температури.

Од аспект на преживување кај луѓето, податоците се загрижувачки, бидејќи земјоделското земјиште би било неупотребливо за одгледување основни култури за исхрана на луѓето.

Предвидување на екстремни температури на нашата планета во следните 50 години се базира на климатските промени, бидејќи емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина се зголемува.

Студијата е објавена во Зборникот на трудови на Националната академија на науките и укажува на фактот дека регионите на секој населен континент ќе станат целосно негостољубиви – особено околу Бразил, Северна Африка и Индија.

Во меѓувреме, огромни делови на Русија, Канада и Арктикот постепено ќе развиваат умерена клима.

Ако на меѓународно ниво не се бориме против климатските промени, скоро половина од луѓето на Земјата ќе треба да најдат нов дом во следните децении.

Бидејќи делови од светот го надминуваат вообичаениот праг на температура, голем број климатски бегалци ќе мора да „избегаат“ кон северниот и најјужниот „џеб на светот“ во потрага по подобра и побезбедна средина.