Свежите брусници,сок,замрзнати или сушени се природен антибиотик кои ги уништуваат штетните бактерии во телото.
Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство што го покажале испитувањата, дека брусниците можат да спречат појава на инфекции на уринарниот тракт (Е. Колли бактерија), а исто така дејствува за уништување на Хеликобактер (бактерија), која е причинител на чир на желудникот, го намалува ризикот од појава на болести на забите и забното месо.
Исто така состојките на брусницата го намалуваат ризикот од појава на карцином како што се рак на градите и дебелото црево, и во спречува неговото ширење по телото.
Брусницата помага при обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта што е корисно за дијабетичарите. Нејзините плодови се доста ценети во исхраната кај луѓе подложни на стрес и кардиоваскуларни болести.
Брусницата како намирница се употребува за торти и колачи,овошни сокови и друго. Доколку се преработат плодовите во сок, чај, џем се вистински извор за здравјето.



















