Овие пијалаци не би требало да ги пиете

177

На пазарот постојат стотици видови на пијалаци, од кои повеќето се штетни.

Знаеме дека најдобро е да пиете вода, но многу луѓе претпочитаат засладени пијалоци, бидејќи им се повкусни.

Но, постојат некои пијалаци кои е подобро воопшто да не ги пиете, ако сакате да го задржите вашето здравје.

Сокови

Без разлика дали станува збор за природни сокови или “свежо исцедени”, во кутија на пазарот, соковите се ризичен пијалок, бидејќи предизвикуваат брз скок во нивото на шеќерот во крвта. Покрај тоа, тие додаваат многу непотребни калории кон дневниот прием. Подобни се единствено ако заменуваат еден оброк.

Зашеќерени кофеински пијалаци

Дали ви се допаѓа засладеното капучино или млеко со вкус на лешник? Многу луѓе сакаат вакви пијалаци, бидејќи ем ја даваат потребната доза кофеин, ем се и пријатно слатки.
Имајте на ум следниот пат кога ќе нарачате такво кафе, дека тоа ќе ве чини уште 1000 калории над дневниот прием.

Спортски пијалаци

Спортските пијалаци се високоенергетски и полни со протеини. Не сите кои тренираат сепак имаат потреба од такви пијалаци. Спортистите кои трошат многу калории и енергија најверојатно имаат потреба од дополнителни пијалаци, но ако вашите вежби не се толку напорни, овие пијалаци само ќе ви натрупаат уште непотребни калории.

“Корисни” смутија во шишиња

Смутијата, како и свежо исцеденте сокови се корисни само кога вие ќе си ги приготвите и ги испиете во моментот. Сè што стоело во некој сад, а камоли пластичен, не содржи особено многу здрави материи.

Малку газирани засладени води

Постојат такви води на пазарот, кои не само што штетат на фигурата и здравјето поради додадените шеќери, туку се и газирани. Потоа не се прашувајте зошто не можете да се ослободите од целулитот!

Засладен леден чај

Ладните чаеви во трговската мрежа се со додадени шеќери и вештачки засладувачи. Има ли потреба да додаваат нешто кон тоа ?! Најдобро е да сварите чај дома и да го оладите. Тогаш ќе се радувате на неговите вистински придобивки за организмот.

Засладени овошни млека

Тешко дека некој мисли дека овошните млека се засладени со природни овошни шеќери, но сепак сме должни да забележиме – и во овошните млека се содржат додадени шеќери. А и откако станаа модерни растителните обезмастени алтернативи на кравјото и соиното млеко, вашето тело не ги добива потребните протеини.