Од 2 февруари, камата ќе биде изложена на специјална изложба во музејот Møntergården во Odense.
Археолозите во Данска откриле мала кама со рунски симболи стара речиси два милениуми, соопшти музејот, опишувајќи го како значајно откритие во разбирањето на човечката историја на регионот.
Натписот е „уникатен“ и датира од околу 150 година од нашата ера, објави во понеделникот музејот Odense.
Руните од овој период досега се откриени само еднаш, во 1865 година во Vimosen, западно од данскиот град Odense.
Руните на ножот се напишани со најстарата позната рунска азбука и затоа новото откритие е многу важен дел од разбирањето и толкувањето на најстарата употреба на пишувањето во Данска и во нордискиот регион, се вели во соопштението на музејот.
Руничкото писмо го користеле германските племиња и е најстарата позната форма на пишување во Скандинавија. Тоа било широко користено од почетокот преку викиншкото доба до доцниот среден век.
Ножот е пронајден во мала гробница источно од Odense. На сечилото бил изгравиран зборот “hirila”, што на нордиски значи „мал меч“.
Невозможно е да се каже дали тоа е името на самиот нож или неговиот сопственик, велат од музејот.
Со такво откритие во наши раце, ние како луѓе доживуваме конфронтација со минатото. Руничкиот натпис е како да се најде порака од антички луѓе, објасни археологот Jakob Bonde со изјавата.
Од 2 февруари, камата ќе биде изложена на специјална изложба во музејот Møntergården во Odense.