Кога станува збор за блискоста помеѓу мажот и жената, првото нешто што ни паѓа на памет е сексот.
Но, за да постои вистинска близина, потребно е да ја познавате другата личност исто како што се познавате и себеси.
Во продолжение прочитајте ги следниве 9 нешта што можат да бидат многу поинтимни од сексуалниот однос и што им се добро познати на најсреќните парови.
Комплименти
Вистинските, искрени зборови без цел некому да му се протнете под облека, укажуваат на висок степен на блискост во врската.
Заеднички патувања
Еден од најдобрите начини за градење на интимноста меѓу две личности е нивното заедничко патување. Едноставно не постои подобар начин да се запознаете од соочувањето со непредвидливи околности и невообичаени ситуации.
Грижа за партнерот
Доколку му/ѝ дозволите да ве види во вистинското светло, дури и кога сте во најлошото свое издание, тогаш вие се поврзувате на еден посебен начин, нескршлив.
Преспивање без секс
Нежната прегратка и слатките бакнежи, без идејата тие да доведат до сексуален однос, ја покажуваат најдлабоката интима помеѓу двајца партнери.
Продолжува на страна 2



















