Гледање во очи
Контактот со очи за многумина може да биде непријатен. Не за џабе се вели дека тие се прозорци кон душата. Но, кога гледате во очите на вашите љубени, вие потонувате во нив и се чувствувате поблиско од кога било претходно.
Запознавање на семејството
Во истиот момент кога вашиот партнер сака да ве запознае со најважните личности во својот живот, вие добивате сосема ново место во неговото или нејзиното срце.
Заеднички празници
Нова година, Божиќ, Велигден… Во истиот момент кога ќе одлучите да поминете голем празник со него/неа, наместо со вашето семејство, вие му/ѝ давате знак дека сте се поврзале на поголемо интимно ниво.
Уживање во тишина
Најинтимното нешто што двајца можат да го прават заедно е да не прават ништо. Едноставно лежите еден покрај друг, и уживате во присуството на другиот. Не ви се потребни зборови за да го делите вашето скапоцено време.
Заедничко лудување
Ништо не може да поврзе две личности повеќе од лудориите што можат да ги смислат заедно. Чувството дека повторно сте деца, барем на момент, ќе ви помогне да се поврзете на многу подлабоко ниво од претходно.



















