3 елементи кои ја детерминираат нашата среќа

360

Модерната култура е исполнета со светликави, но плитки ветувања за среќата и задоволството. Масовните медиуми ни кажуваат дека ако сме богати, имаме поубава и поголема куќа полна со секакви нешта, имаме убав автомобил, ако сме вечно млади, со витка фигура и добро облечени дека ќе бидеме среќни и задоволни.

Но, психолозите докажале дека постојат 3 главни работи кои придонесуваат за среќата и благосостојбата на една личност. Ова се основните принципи на концептот познат како „теоријата на самодетерминација“. Оваа теорија ја зголемува разликата помеѓу вродените и надворешните цели кои водат до среќата. Фокусирањето на семејните, пријателските и емоционалните вредности ќе ви донесат многу поголемо задоволство од материјалните богатства и ќе ни обезбедат побогат и позначаен живот.

1. Автономија

Вродени цели, желби и квалитети се она што ни е потребно за среќата да се манифестира во нашиот живот и да стане трајна.

„Луѓето кои ги сфаќаат своите вродени цели имаат високо ниво на среќа, но луѓето кои се концентрираат на надворешните цели немаат подобрување во нивната лична благосостојба. Авторите претпоставуваат дека луѓето можат да почувствуваат моментално задоволство по остварувањето на некоја ваква цел, но тоа не трае“, вели Дрејк Баер во неговата студија „Зошто бркањето надворешни цели може да ја уништи вашата среќа“.

Кога се чувствувавте како личност која има контрола врз својот живот, која може да донесе автономни одлуки и која има слобода и независност да биде она што е, тогаш вашиот пат кон среќата е веќе обележан. Луѓето кои чувствуваат дека имаат глас и присуство, кои не се врзани и забранети од конвенцијата или очекувањата на другите се многу посреќни.

2. Способност

Се раѓаме со одредени квалитети и способности кои го детерминираат она што некои луѓе го нарекуваат судбина. Но, сите ние сакаме можност и шанса. Еднаков пристап до образование, до слободно движење, вработување, основни потреби како дом, храна, вода и безбедност. Среќата е детерминирана од тоа колку слободно можеме да ги добиеме не само основните вештини за преживување, туку и способноста да бидеме целосни во тие вештини кои ни дозволуваат интелектуално, уметнички, политички и комично да се изразуваме. Учењето на новите работи ја зголемува среќата.

3. Поврзаност

Начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе во нашиот живот е најважниот фактор за среќата. Несвесно, повеќето луѓе имаат врски чисто од облигација. Само најсилните луѓе искусуваат вистински конекции со истомисленици. Често се чувствуваме должни да поминуваме време со семејството, пријателите, колегите, познаниците и оние личности кои влегле во нашиот живот сосема случајно. Но, вистинската среќа се постигнува кога сме доволно зрели да разбереме дека го имаме правото да одлучиме со кои луѓе вреди да го поминуваме времето и кои луѓе заслужуваат место во нашиот живот.