“Жените бараат ескорт, но не сакаат само секс”!
Многу мажи немаат поим што сакаат жените во кревет, но ова момче одлично го знае тоа и одлучил да го сподели своето знаење со светот.
Рајан Џејмс во Сиднеј работи како ескорт, што значи дека неговата работа е да ги задоволува жените во кревет. За своите услуги наплаќа помеѓу 400 и 6.000 долари, а цената варира во зависност од должината на траењето на тој состанок.
За разлика од другите мажи кои се занимаваат со таа работа, Рајан вели дека жените не се фокусираат на сексот кога бараат ескорт.
“Речиси секоја клиентка со која сум работел сака некој вид на пријателство. Од она што го гледам, мажите се фокусирани на сексуалната страна. И жените исто така се фокусирани на сексот – во спротивно не би се гледале со мене, но голем дел од времето го поминуваме во разговори”, вели тој.
Џејмс вели дека луѓето би биле изненадени кога би дознале кои се неговите клиентки.
“Многу од тие жени би можеле да излезат во бар и да одберат маж со кој би сакале да имаат секс. Но, тие сакаат поинакво искуство. Понекогаш се свежо разведени или се` уште се во брак, но веќе подолг период немаат секс со сопругот. Клиенти ми се и парови кои сакаат секс во тројка, но и жени кои се уште се девици.”
Тој додава дека кај него доаѓаат жени на различна возраст. “Мојата најмлада клиентка имаше 20 години. Поретки се толку младите жени кои доаѓаат кај мене, но сепак ги има.”
Џејмс вели дека жените генерално немаат некои специфички фантазии кои сакаат да ги исполнат со него.
Тој додава и дека понекогаш “малку се врзува” за клиентките, што го нарекува искуство од “50 нијанси на сиво”, но и дека жените претежно некој треба да ги “насочува” бидејќи не се сигурни што точно сакаат.
“Ги водам на вечера и тоа излегување трае по четири часа, многу е популарно. Понекогаш ми плаќаат за целиот викенд, па изнајмуваме хотелска соба, одиме на опери”.
Рајан Џејмс вели дека се` уште е табу тема тоа што жените сакаат ескорт, па затоа многу од нив го кријат тоа, иако има и жени кои отворено зборуваат за плаќањето за секс.
“Начинот на кој ја опишувам мојата работа е – како кога некоја девојка би влегла во бар и би го прашала мажот дали сака да и` го измасира грбот. Многу мажи би се согласиле. Но, тој не е масер. Можеби таа би уживала во тоа, но тој не е професионалец. Ако сакате добро сексуално искуство, тешко е да најдете некој кој ќе ви го даде токму тоа што го сакате, а ескортот може да го направи тоа”, вели тој.
Верувале или не, Џејмс вели дека има толку многу работа, што моментално не прима нови клиенти, туку работи само со постојаните муштерии.