Зошто се вели “Сум станал на лева нога”?

981

Во сите народни верувања десната и левата страна не се еднакви. Десната е посилна, понапредна, а левата е послаба и несреќна.

Фразата „Сум станал на лева нога“ потекнува од старите Римјани, а објаснувањето е прилично едноставно. Левата страна во Рим е сметана за лоша, злобна, баксузна.

Поради таа причина се верувало дека станувањето од кревет така што подот најпрво ќе го допре левата нога ќе предизвика дека цел ден ќе помине лошо.

Ова верување исто така е причина што Римјаните во куќата влегувале поминувајќи го прагот со десната нога. Интересно е што англискиот збор „sinister“ што значи злокобен, настанал од истоимениот латински збор што значело лев.