Гледајќи ги овие стари предвидувања, гледаме како некои од нив се оствариле, додека други останале само во доменот на имагинацијата.
Фотографии од написи во весници од 1924 година објавени се на популарниот X, поранешен Twitter, на профилот @paulisci. Инаку, личноста која стои зад овој профил се занимава со разни стари написи и весници.
Еден од написите од 1924 година точно предвидува дека автомобилите ќе станат сеприсутни и дека градовите во 2024 година ќе имаат експресни патишта низ нивните центри.
Друг најави дека луѓето ќе патуваат со летала и ќе ја истражуваат вселената, што, иако не е точно за секојдневниот живот на просечниот човек, секако ја одразува општата иднина на човештвото.
Исто така, се очекувало дека повеќето луѓе ќе доживеат најмалку 100 години, а 75-годишник ќе се смета за релативно млад, благодарение на медицинскиот напредок.
Некои дури прогнозирале дека до 2024 година, семејните фото албуми ќе содржат главно видеа, наместо фотографии, а „филмовите“ ќе бидат толку реални што тешко ќе се разликуваат од реалноста.
Засега ќе треба да почекаме фото албуми кои се состојат од видеа.
Не е лесно да се види во иднината
И покрај овие точни предвидувања, има и помалку веројатни. Некои верувале дека кинематографијата ќе придонесе за воспоставување на светскиот мир преку универзалниот јазик на филмските слики. Но, некои од неточните предвидувања вклучуваат мажи на Месечина, трансплантација на уши и изумирање на коњите поради подемот на автомобилите.
Дополнително, некои се плашеле дека ќе биде ограбено снабдувањето со дијаманти во светот и дека луѓето ќе користат синтетички скапоцени камења направени од шеќер за веренички прстени. Од друга страна, има и предвидувања за глад. Имено, во 1924 година се предвидувало дека луѓето ќе бидат на работ на гладување во 2024 година.
На крајот на краиштата, иако некои од овие предвидувања звучат фантастично и неверојатно точни, реалноста покажа колку е тешко точно да се предвиди иднината. Да бидеме реални, пред околу 30 години многумина предвидувале дека ќе возиме летечки автомобили, што барем засега се уште не е остварливо.