Лекции кои ги научив како девојче, а ги заборавив како мајка

1544

Сакај искрено и слободно

Срцата, кои никогаш не се скршиле, никогаш не сакале. Цветот ќе овене, саканото милечиње ќе угине, а еден ден и „вистинскиот“ може нема да остане. Но тоа не значи дека повеќе нема да сакаш или дека на треба да сакаш.

Сакај го своето тело

Тоа е единственото тело кое го имаш. Почитувај го, храни го здраво и сакај го. Немој никогаш да се споредуваш со другите.

Учењето на сопствени грешки е подарок

Природниот талент е неверојатен, навистина. Но не е задолжителен. Посветеноста и напорната работа ќе те однесе далеку во животот, а периодот кога работите не одат во посакуваната насока ќе ти обезбеди повеќе можност за развој, отколку кога се ти оди како од шега.

Признај кога не си во право

Премолчувањето на својата гордост не е лесно да се прмолчи, но едноставните зборови како „извини“, кога ќе се изговорат навистина искрено можат да направат многу.

Солзите не се знак на слабост

Негирањето на сопствените емоции е најлоша работа која може да се направи, а веднаш по неа е да и дозволиш на болката премногу долго време да владее со твојот живот. Доколку имаш потреба за плачење, слободно плачи. Пушти ги солзите и пушти го тоа да изелезе од тебе засекогаш.

Времето ги лечи сите рани

За сите оние страшни работи кои се случиле, кога плачењто не е доволно, треба да се знае дека времето може да го направи своето. Мора да се има доволно трпеливост и сила да се помине секој нареден ден, кој ќе биде се полесен. И да се запомни дека дури и после многу време во твоето срце останува голема празнина, но ќе мора да научиш да живееш со неа.

Работите не ги сфаќај премногу лично

Обидете се да не дозволите критиките да ве растргнат, како што не смееш да дозволиш нути пофалбите да ти удрат во глава. Не очекувај дека другите ќе се однесуваат со тебе секогаш онака како што заслужуваш. И запомни дека светот не се врти околу тебе, можеби се врти мојот свет (светот на мајката), но јас сум исклучок.