На малите и средните претпријатија, чиј бизнис е во криза заради моменталната состојба, а има потенцијал да ја поткрене работата на ниво на онлајн продажба, тимот на Webpigment им овозможува изработка на бесплатна веб-страна за таа цел.
Многу компании од различни индустрии се погодени од кризата заради пандемијата на корона вирусот, голем дел од нив се целосно затворени, а други некако успеваат да се одржат.
Но, дефинитивно, бизнисите кои можат да продолжат со работа преку онлајн продажба, ќе се снајдат добро во овој период и ќе можат да ја надминат кризата.
Сепак, оние кои навреме не го имплементирале ова, сега се соочуваат со тешкотии, но за среќа, има и такви компании кои сакаат да им помогнат на оние кои се засегнати од овој проблем.
Тимот Webpigment се огласи дека сака да помогне и да изработи бесплатно 5 веб-страни за онлајн продажба, преку јавен повик, кој е наменет за мали и средни претпријатија кои се погодени од кризата.
„Инспирирани од глобалните промени, нашиот главен мотив зад идејата е да дадеме свој удел во задржување на работните места и поддршка на малите и средни бизниси во овие моменти кога се најмногу погодени.“ – стои во описот на јавниот повик.
Рокот за аплицирање е до петок 10.04.2020, а формата за апликација може да ја најдете ТУКА.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















