Почина Кирк Даглас во 103та година од животот | Видео

403

Kirk Douglas, ѕвезда на филмовите Spartacus, Paths of Glory, 20 000 Leagues Under the Sea и многу повеќе.

Kirk Douglas почина во 103-та година, објави неговото семејство. Тој беше единствената преостаната жива ѕвезда на Златното доба на Холивуд, татко е на актерот оскаровец и продуцентот Michael Douglas, а познат е и по неговата снаа, актерката Catherine Zeta-Jones.

„Со неверојатна тага, мојот брат и јас ве известуваме дека Kirk Douglas денес нè напушти во неговата 103-та година“, изјави Michael Douglas за магазинот „People“. „Тој беше светски позната ѕвезда, холивудски актер од златна ера, кој ги живееше своите златни години, хуманитарец кој ја ценеше правдата и се бореше за тоа во што веруваше и ги постави стандардите што нè инспирираа“.

Роден како Issur Danielovitch Demsky во Amsterdam, New York, во 1916 година, Douglas бил син на емигрант Евреин од Русија и работел на тешки работи пред да стане актер, пишувајќи за ова во својата автобиографија од 1988 година. Тој, исто така, бил војник за време на Втората светска војна, и тоа во морнарицата.

Со неговата специфична појава, брада со вдлабнатина (дупче) и мускулесто тело, тој глумел во многу различни филмови во своите шест децении долга кариера. Сепак, Douglas е најпознат по улогите на бунтовници против системот, а понекогаш и по не толку важни ликови. Пред неговиот син Michael да ги собере наградите, Kirk Douglas играл злобни ликови во класицита како Ace in the Hole и The Bad and the Beautiful.

Douglas глумеше во два филма на ови Stanley Kubrick, Paths of Glory и Spartacus, и помогнал да се сруши познатата Hollywood blacklist со ангажирање на сценаристот Dalton Trumb да го напише сценариото за Spartacus. Тој бил и еден од најголемите хуманитарци во Holivud и одликуван со Medal of Freedom во 1981 година.

Даглас има толку многу легендарни филмови. Од Gunfight at the O.K. Corral (Doc Holiiday), Lonely Are the Brave, Out of the Past, Seven Days in May, The Strange Love of Martha Ivers, боксерскиот класик Champion, и Lust for Life (како Vincent Van Gogh).

Даглас не се плашеше од жанровите, па ги испроба usci-фи филмови како 20 000 Leagues Under the Sea, The Final Countdown, Saturn 3, и хорор филмот The Fury.

Неговата последна голема улога била во драмата од 2003 година It Runs in the Family, со синот Michael и внукот Cameron.