Сексот и на рецепт

262

На семејните лекари во Велика Британија им е наредено да препишуваат повеќе активен сексуален живот на пациенти кои имаат потреба од повеќе вежби, објави весникот “Дејли Меил”.

Новите одредби исто така го препорачуваат танцувањето и косењето на тревата. Матичните лекари ќе можат да се јават или да испраќаат СМС-и на пациентите, за да се осигураат дека тие ги почитуваат препораките, соопштија од Академијата на кралскиот медицински колеџ.

Од академијата велат дека вежбите се игнорираниот “чудесен лек”, кој функционира многу подобро од повеќето лекови и може да му заштедите на Националното здравствено друштво милијарди фунти годишно, а значително да се намали ризикот од рак на дојка, деменција, срцеви заболувања и дури и скршеници на колкот.

Но противниците на идејата сметаат декаматичните лекари немаат право да се мешаат во сексуалниот живот на пациентите и предупредија дека овој совет може да се сфати како навредлив.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.