Хормоналниот дисбаланс се појавува кога некој има премногу или премалку од еден или повеќе хормони.
Според Клиниката во Кливленд, хормоните играат значајна рола во вкупното здравје, вклучувајќи го метаболизмот, расположението, нивото на енергија, растот, развојот и репродукцијата.
Кога нешто не е во ред со состојбата на нашите хормони, можеме да го препознаеме според одредени симптоми. Затоа лекарите издвоиле неколку знаци со кои телото ни покажува дека можеби има хормонален дисбаланс. Овие симптоми вклучуваат:
– Бавно или забрзано чукање на срцето (тахикардија)
– Необјаснето зголемување или намалување на тежината
– Замор
– Запек
– Промени на кожата на лицето (акни, мозолчиња, црвенило)
– Дијареа или почесто празнење на дебелото црево
– Неправилни менструации
– Вкочанетост и пецкање во рацете
– Нивото на холестерол во крвта е повисоко од нормалното
– Депресија или анксиозност.
Иако овие симптоми не мора да значат дека постои хормонален дисбаланс, лекарите нагласуваат дека не треба да се игнорираат во случај да се појават.