Мамо, погледни, станав манекен | Кристијан има три години и Даунов синдром, и својата прва “тезга“ за домашната модна марка Looly Boo

8500

Кристијан Вуковиќ има само три години, но тој се претстави како вистински професионалец во студиото на Јутарњи лист.

Смирен е и насмеан, ужива во фактот дека сите очи се вперени во него, блицот на фотоапаратите го одушевува, а посебна еуфорија го презема кога сите присутни му аплаудираа за одлично завршената работа.

Тогаш ја развлекува масмевката од уво до уво, ги крева рацете во воздух и вика: “Гоооол!”.

Но, неговата снаодливост пред камерата не изненадува. Неодамна, тој стана модел. Тој и врсничката Лаура Филипај, многу шик дама од Риека, овие денови станаа заштитни лица на детскиот бренд Looly Boo. Ова е првата модна кампања во Хрватска во која моделите имаат Даунов синдром.

Ја менуваме свеста

– Оваа година, Кристијан, од 750 пријавени е избран како едно од 35-те деца претставници на непрофитната организација за Даунов синдром, “Nothing Down”.

Тие работат на тоа да ја променат свеста на луѓето за ова хромозомско нарушување, па затоа тоа стана и нашата задача. Неодамна видов дека едно момче со Даунов синдром беше модел за американскиот бренд Oshkosh, па добив идеја дека би можеле истото да го сториме во Хрватска. Го контактирав Looly Boo, а тие само што ја подготвиле есенската колекција и беа воодушевени од идејата. Најдовме заедничка визија и започнавме со работа – рече Мартина Вуковиќ, мајката на Кристијан.

Во време кога се родила идејата за кампањата беше веќе прилично добра пријателка со Лариса Порчиќ Филипај, мајката на Лаура, па не беше потребно долго време и девојчето да го вклучат во проектот. Тоа беше всушност идеална ситуација – да имаат и девојче и момче речиси на иста возраст, а Лаура и нејзината мајка се и инаку големи љубители на модата, па и за оваа тема понекогаш пишуваат на својата блогерска страница на Фејсбук, “A Day in Lauras Life With Down”. Покрај тоа, малечката, на пример, глумела во телевизиски реклами и е лице од календарот.

– Децата со Down не се нарекуваат без причина деца на сонцето. Најчесто тие се трпеливи, смирени, симпатични и топли, ја имаат таа специфичност во карактерот. И самиот доктор, John Langdon Down, кој прв го опиша синдромот, знаеше да каже дека тоа не е пожелна ситуација, но има прекрасни карактеристики. Значи снимање на кампањата помина одлично, всушност тие беа и идеални модели. Нивниот карактер зрачи од нив, го сакаат вниманието и уживаат во снимањето. Немаше плачење или барање паузи поради некоја причина – објаснува мама Мартина.

Продолжува на страна 2