Мамо, погледни, станав манекен | Кристијан има три години и Даунов синдром, и својата прва “тезга“ за домашната модна марка Looly Boo

11936

Вистинската револуција во тој пристап донеле техниките на учење кои ги развил Глен Доман, во последно време многу популарни во Хрватска. Учат, на пример, со помош на флеш картички, со кои децата ги препознаваат предметите, читаат, се здобиваат со енциклопедиско знаење …

– Најнапред, тоа се ствари од околината, она што веќе го знаат, па се оди на апстрактни поими, кои некогаш тешко ги разбираат.

Но, оваа програма на раната едукација се обидува да направи мрежа во мозокот на детето која ќе овозможи работите полесно да им се “наредат”. Тоа се прави неколку пати на ден во пократки временски интервали.

Многу важна улога имаат родителите, кои мора да се здобијат со самодоверба да веруваат дека тие се најдобрите терапевти, кои најмногу ги сакаат своите деца и најдобро го знаат, па така најдобро го определуваат најдоброто време за учење.

Ако со нив се работи доволно рано и квалитетно, тие до прво одделение можат да ги знаат буквите, бројките, да цртаат, да ги знаат сезони, боите, облиците, геометриските форми, ликовите, да бидат моторички способни … Жените, често кога ќе дознаат дека ќе родат бебе со Даунов, се одлучуваат за абортус, но јас верувам дека почесто би се откажале од тоа кога би знаеле што сѐ овие деца можат да постигнат – вели Мартина.

Љубоморни деца

Продолжува на страна 4