Мамо, погледни, станав манекен | Кристијан има три години и Даунов синдром, и својата прва “тезга“ за домашната модна марка Looly Boo

11973

Општа неиформираност

Таа е инаку медицински работник, завршила Здравствено училиште, но признава дека и покрај сруката не знаела што точно подразбира животот со дете кое има Down синдром. Токму таа општа неинформираност, вели, е најголемиот проблем на општеството во контекст на односите со луѓето со дополнителен хромозом.

– Нивните потреби се особено индивидуални, секој од нив има свои особености, од изгледот, карактерот, па до здравствените проблеми, но во суштина се исти како и другите деца – најважно е дека им треба љубов, поддршка, хармонија, чувство на припадност, поттик за активности и развој на способности. Кога станува збор за здравствени проблеми со кои се среќаваат, тие најчесто се склони кон разни срцеви мани.

Порано тоа беше многу поголем проблем, бидејќи за поголем дел од зафатите требаше да оди во странство, но сега голем дел од нив се решаваат и кај нас. Тие имаат хипотонија, слабост на мускулите заради кои подоцна проодуваат. Исто така, тие можат да имаат ментални тешкотии, но тоа е сосема друга приказна – објаснува Мартина.

Таа “друга приказна” е токму она што најмногу треба да се промени во свеста на општеството. До неодамна се сметаше дека нема смисла луѓето со Down синдром да одат во градинка или на училиште, да научат да читаат, пишуваат или да сметаат. Сепак, нѝ објаснува оваа високообразована мајка, таквата слика нема апсолутно никаква врска со реалноста.

– Down се уште е мистифициран. Луѓето ги гледаат децата кои ништо не можат, кои немаат шанса за нормален живот.

Тоа не е така, ним само им треба поинаков пристап во учењето, кој треба да почне порано од другите деца, и треба да се врши со многу повеќе трпение. Во САД, на пример, сосема нормално е луѓето со Down синдром да завршуваат не само основни и средни училишта, туку и факултети, да се заљубуваат, да се венчаат, работат на нормални работни места … – истакнува.

Флеш картички

Продолжува на страна 3