Секоја жена има моменти во кои либидото ѝ е силно зголемено или намалено.
Експертите тврдат дека тоа е сосема нормално и ако сексуалната желба не исчезне за долг период на време, нема причина да се грижите, ако во моментот не ви се прави секс.
Еве и неколку интересни причини кои може да доведат до оваа “интимна пауза”:
Стресот го афектира сексуалниот живот
Високиот стрес предизвикува вистински хаос во женското тело и хормони. Тоа веднаш се одразува на сексуалната желба и иако некои дами ги “лекуваат” тензиите со вежби во креветот, мнозинството го прави токму спротивното – одбиваат да се оддадат на интимни бакнежи.
Либидото се зголемува со возраста
Женската фертилност се намалува со годините, но не и сексуалната желба. Според научниците токму затоа што организмот на дамите се приближува со времето во фази, во кои не може да донира човечки живот, мозокот испраќа импулси кон телото, кои ќе го охрабрат оплодувањето, односно се зголемува либидото.
Лековите може да ја намалат желбата за секс
Многу лекови кои дамите почнуваат да ги земаат во периодот пред менопаузата, како и некои контрацептивни може да имаат негативно влијание врз сексуалната желба. Во случај да почувствувате долготраен пад, консултирајте се со лекар, за да воспоставите дали во нив е причината.
Обрнете внимание на вашата исхрана
Некоја храна е вистински природен афродизијак, кој ќе ви помогне да го разгорите воздухот во спалната соба. Обложете се на боровинки, лубеница, авокадо и остриги.
Јогата го засилува либидото
Практикувајте јога, не само за здравјето, туку и за активен сексуален живот! Докажано е дека пози како “кучешката” го засилуваат апетитот да се покажете и во спалната соба.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Еротска Yoga | Тивката концентрација во секоја Асана конвертира слики во уметнички дела