Нервна мрежа препознава лица под секаков агол

180

Способноста за препознавање на човек чие лице се гледа делумно, отсекогаш се сметала единствено за човечка можност. Ова веќе не е така.

Специјалистите од научно-истражувачкиот оддел Јаху Лабс, Калифорнија, заедно со Универзитетот Стенфорд создадоа нервна мрежа од нов тип, која покажува исклучително високи резултати при препознавање на човечки лица. Нервната мрежа е составена од неколку различни нивоа и се обучува со помош на фотографски материјали, а на крајот почнува самостојно да препознава човечки лица.

До 2001 година немаше технологија која може да препознава лица во реално време. Потоа се појави алгоритамот Виола-Џонс, кој почна да се користи од страна на речиси сите производители на дигитални фотоапарати. Но овој алгоритам ги препознава лицата само ако се наоѓаат фронтално пред камерата. За разлика од него, нервните мрежи на Јаху Лабс успешно препознаваат лица, свртени во секој агол.

За обучување на системот се користела база од 200.000 фотографии на лица со различна положба плус 20 милиони дополнителни фотографии без човечки лица.
Јаху планира да го користи новиот алгоритам во неговиот пребарувач на фотографии.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.