ВИ требаат НЕКОЛКУ СЕКУДИ ДА „ПРОЧИТАТЕ“ ЛИЧНОСТ | Така ќе ЗНАЕТЕ дали е доминантен или нема самодоверба

1348

Обрнете внимание при запознавање!

Ракувањето е вообичаен начин на поздравување во многу земји, а она што многумина не го знаат е дека начинот на ракување открива многу за една личност. Одредени стилови покажуваат дали сте доминантни, чувствителни или се сметате себеси за еднакви со другите – Најдете се!

Ракавица стил

Ако при запознавање сакате со другата рака да го покриете горниот дел од дланката на личноста со која се ракувате, тоа може да има две значења. Имено, политичарите често се ракуваат на овој начин бидејќи остава впечаток дека личноста е достојна за ваша почит, но ако така се ракувате при првата средба, ќе оставите впечаток на подлизурко.

Дланката свртена надолу

Експертите за говор на телото велат дека дланката свртена надолу, т.е. ако вашата рака е одозгора кога се ракувате, тоа испраќа порака за супериорност. Тоа покажува дека имате блескава, силна личност и дека сакате да бидете доминантни.

Од друга страна, ако во ракувањето најчесто вртите т.е. раката ви е одоздола, тоа покажува дека немате особено изразена и силна личност.

Стисок на „мртва риба“

Веројатно веќе знаете дека најлош впечаток оставаат луѓето кои млитаво и нежно ја подаваат раката, т.е. тие имаат таканаречен стисок „мртва риба“. На овој начин се ракуваат луѓето на кои им недостасува самодоверба.