Советот на Алберт Ајнштајн кој треба да го следиме | Генијалениот физичар оставил порака за својот син со што би требало да се занимава

506
Алберт Ајнштајн со својот најстар син, Ханс Алберт и неговиот внук, Бернард - 1936.jpg

Во 1915 година, тогаш 36-годишниот Алберт Ајнштајн, живеел со војна зафатениот Берлин со неговата братучедка Елса, која подоцна ќе му стане жена.

Неговите двајца синови, Ханс Алберт и Едуард “Tete” Ајнштајн живееле со неговата поранешна сопруга Милева во неутралниот Цирих.

По осум долги години труд, неговата теорија на релативноста, која подоцна ќе го претвори во меѓународна ѕвезда, конечно беше сумирана на две страни текст.

Охрабрен од неодамнешното достигнување, на својот 11-годишен син му го испратил ова писмо:

Драг мој Алберте,

Вчера добив писмо од тебе, кое ме направи многу среќен. Веќе ми беше страв дека воопшто нема да ми пишуваш. Кога бев во Цирих ми кажа дека се чувствуваш чудно кога сум таму. Па мислам дека е подобро да се најдеме на некое друго место каде што никој нема да ја загрози нашата удобност. Јас секако ќе се обидам што е можно поскоро да поминеме најмалку еден месец заедно, така ќе знаеш дека имаш татко на кој си му многу мил и кој те сака.

Од мене можеш да научиш многу добри и убави нешта, нешто што никој друг не би можел да ти понуди. Сето она што го постигнав во текот на годините на работа нема да биде достапно само за странците, туку и на моите момчиња. Овие денови завршив едно од најубавите дела во својот живот и кога ќе бидеш малку поголем, ќе ти раскажам за тоа.

Многу сум среќен бидејќи уживаш свирејќи на твоето пијано. Тоа, како и столаријата по мое мислење е најдобрата професија за твоја возраст, дури подобра и од училиште.

Тие две работи најдобро ѝ одговараат на млада личност како тебе. На пијаното свири работи кои те радуваат, дури и ако наставникот не ти ги зададе.

Најмногу ќе научиш ако ги правиш оние работи кои ти чинат задоволство, така што нема да забележиш колку време поминало.

Понекогаш сум толку зафатен со својата работа што заборавам и на ручек.

Играј си со брат ти фрлање обрачи (игра во која со обрач треба да се погоди вертикално поставен стап), бидејќи така вежбаш подвижност.

Посетувај го и мојот пријател Цангар. Тој е многу добар човек.

Бакни го Тете и поздрави ја мајка ти,

Твојот татко.