Храна против несоница

186

Магазинот National Geographic Food открива пет продукти кои го подобруваат сонот и поради кои несоницата станува минато.

Потребно е да намалите со внесување на премногу зачинета храна, мрсна храна, кофеин и алкохолни пијалаци, бидејќи го иритираат дигестивниот систем што го спречува длабокиот сон.

Се препорачува внесување на млеко, месо, јајца, риби и зеленчук. Клучни се додатоците на аминокиселини бидејќи испуштаат хормон за спиење, мелатонин.

На прво место експертите советуваат консумирање на производи богати со витамин Б, но и магнезиум кој ги смирува нервите, ги опушта мускулите и го подобрува сонот.

Тука влегуваат и бананите кои се богати со магнезиум, калиум, триптофан и витамин Д. Нив можеме да ги сметаме како природна таблета за спиење.

Бадемите се богати со здрави маснотии и магнезиум, а здрави се и за многу органи.

Последни на оваа листа се овесните снегулки кои се полни со витамини, минерали и аминокиселини кои му помагаат на телото да произведе мелатонин задолжен за подобар сон.