Телефонските говорници денес најмногу се користат во затворите

1217

Телефонските говорници денес се користат многу ретко, а причина се новите технолошки достигнувања во вид на масовно користење на мобилните телефони кои се достапни речиси на сите.

Во поголемиот дел на Федерацијата БиХ говорниците беа во надлежност на БХ Телеком, а локалните дирекции се задолжени за нивно одржување, чистење и поправки поради фактот дека често се на удар на вандали.

Повоениот период

„Системот на јавни телефонски разговори по агресијата на БиХ заживеа на почетокот на 1997 година и тоа во Сараево каде на 3 јануари во зградата на Главната пошта била поставена првата телефонска говорница. До крајот на годината поставени се 264 говорници на подрачјето на Федерацијата БиХ, најмногу на подрачјето на Сараево 63, потоа Зеница 50, Тузла 44, Травник 37, Бихаќ 34, Мостар 23 и Горажде 13 јавни говорници‟ – изјавено е за Klix.ba од БХ Телеком.

Секако, говорниците прво биле поставени во зградите на поштите поради постоечката инфраструктура, а потоа и на места од јавно значење, како што се болниците, основните и средните училишта, факултетите, автобуските и железничките станици, хотелите и слично.

Нивниот број континуирано се зголемувал, а во 2001 година свечено е пуштена во работа 1.000 јавна говорница. Две години подоцна забележан е број од 1.549 инсталирани јавни говорници на сите значајни места. Денес тој број е помал и е 1.000 јавни говорници. Од 1997 година па наваму најголем промет на телефонските говорници е забележан во 2001 година кога од 1.435 јавни говорници биле извршени околу 2.750.000 повици и биле потрошени 70,26 милиони импулси.

Иако во 2001 година е извршен најголем број на повици од говорниците во наведениот период, во 2000 година биле забележани најмногу потрошени импулси и тоа нешто над 99 милиони на 2,5 милиони повици.

Победа на мобилните телефони

Денес тој број е значително помал, а во текот на 2015 година извршени се 138.326 повици од говорници или потрошени се 1,8 милиони импулси и тоа најмногу на подрачјето на Сараево.

Заедно со падот на дојдовните повици, забележан е и пад на продажбата на телефонските картици. Најголем број продадени телефонски картици е остварен во 1999 година, кога биле продадени 968.046 картици во вредност од 8,9 милиони КМ, од кои 500.000 продадени телефонски картици се од по 500 импулси.

Денес телефонските говорници најмногу се користат во затворите и зградите на поштите, каде се достапни 24 часа на ден, а најмалку во училиштата, кои поради училишните распусти се затворени во одреден период во годината. Исто така, потенцираат од БХ Телеком, забележано е дека телефонските говорници повеќе се користат во летните месеци и тоа според меѓународниот сообраќај.

Телефонските говорници во броеви

На подрачјето на дирекцијата во Бихаќ денес постојат 102 телефонски говорници во надлежност на БХ Телеком, во Брчко 3, во Горажде 24, во Мостар 108, во Сараево 406, во Травник 78, во Тузла 142, а на подрачјето на Зеница 120. Кога се ќе се собере, БХ Телеком моментално управува со 983 телефонски говорници во Босна и Херцеговина.

Историјата на телефонските говорници

Телефонот во БиХ првпат е употребен во 1882 година за потребите на војската и администрацијата, додека приватните лица биле исклучени од нивна употреба. Дури во 1894 година со инсталирање на градска телефонска говорница во Сараево биле направени првите значајни чекори кон јавниот телефонски сообраќај и тоа така што на населението му било дозволено користење на телефон во случај на некоја опасност.

Изградбата на телефонската мрежа траела до 1898 година. Свеченото отварање на сообраќајот во Сараево било објавено на 16 ноември 1898 година, а потоа мрежата на јавниот сообраќај се ширела и на други краеви во БиХ.

Јавните телефонски говорници освен што биле поставени во поголемите градови, често можеле да се најдат и во помали места како што се Кисељак, Теочак и сл. Телефонските говорници најчесто биле поставувани во пошти, на зградите на општините и тогашните полициски станици.