Една лимонада дневно за долговечност

543

Лимонот е богат со витамин Ц (антиоксиданс, го подобрува имунолошкиот систем), витамин Б (ја обновува енергијата), рибофлавин (го обновува ткивото, влијае на растот и развојот), како и со минерали како што се калциум и магнезиум.

Му помага на црниот дроб да ги отстрани токсините

Црниот дроб е задолжен за синтеза на протеини, детоксификација и призводство на сите биолошки хемикалии кои му помагаат на телото исправно да вари. Лимонадата му помага на црниот дроб овие функции уште поефикасно да ги извршува. Бидејќи лимонот е диуретик, тој исто така го зголемува мокрењето што помага во чистење на организмот.

Лек за подмладување

Лимонот помага при спречување на појава на брчки и го освежува лицето. Вашата кожа не може да изгледа здраво ако вашето тело складира премногу токсини. Лимонот исто така содржи цитрусна киселина која ви помага да се изборите со акните.

Добар е за губење килограми

Црниот дроб го забавува метаболизмот кога е полн со токсини што води до дебелеење. Лимонот му помага на црниот дроб да ги елиминира сите тие токсини и помага во брзото согорување масти. Најдобро делува кога се комбинира со здрава храна и вежбање.

Ги ослободува дишните патишта и го освешува здивот

Лимонадата помага да се решите од белодробни инфекции и кашлица. Се верува дека им помага на луѓето со астма и алергии. Лимонот исто така го освежува здивот и помага кај забобоклка и гингивитис, но исто така пазете колку внесувате бидејќи киселината може да ја уништи глеѓта.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.