Жената Лав е токму она што би очекувале да биде – силна, весела, во центарот на нејзиниот социјален круг и еден од најдобрите партнери меѓу знаците во Зодијакот.
Таа може лесно да се вљуби, но има потреба да ја види таа љубов и од партнерот, инаку сè ќе се распадне.
Таа ќе биде исполнета и целосно посветен на партнерот и на пријателите, но ако некој ја предаде, многу тешко би простила.
Што да направите за да ѝ докажете на жената Лав колку сте ѝ блиски? Овие едноставни чекори може да се од голема корист.
Дајте ѝ ја почитта што таа заслужува, и оставете ја да ги преземе уздите
Жената од овој знак ќе побара почитување, но таа е толку божествена што веројатно веќе ја обожавате. Ќе има проблем ако не ѝ дозволите да стави свои правила. Таа нема да ги следи вашите, затоа е подобро да свикнувате да бидете послушни.
Оставете ја да зборува
Лавицата е огнена жена и може да изгледа малку бучна. Едноставно таа има многу мисли и чувства и ќе ги сподели. Таа има потреба од некој кој да ја слуша, но уште повеќе од некого кој ќе ѝ овозможи да ја преземе контролата и да биде во центарот на вниманието.
Нека знае дека таа е единствената
Ако дури само мисли дека гледате други жени, тоа е лоша вест. Како што веќе рековме, жената Лав сака да биде во центарот на вниманието, па ако мисли дека партнерот се загледува по друга, сигурно ќе видите огнен бес, кој доаѓа заедно со љубовта.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















